Прилепските конфекции тешко развиваат свои брендови

Bez autora
May 21 2014

Во последните две децении во Прилеп функционираат 20-ина конфекции во кои се вработени околу 3.000 работници. Најголем дел од нив функционираат по лон-системот, со редовни договори со странски партнери кои им ги праќаат сите репроматеријали, а тие вложуваат работна сила, капацитети и машински парк. Многу мал дел, поточно, според познавачите на приликите, едвај пет отсто од конфекциите, не само во Прилеп, туку и на државно ниво, имаат сопствено производство и брендови. Иако фирмите не ја гледаат иднината во лонот, туку во сопствено производство, газдите тешко се одлучуваат на ваков чекор и не сакаат да го преземат ризикот на инвестирањето. За да се напредува во оваа бранша неопходно е да се има доволно средства за да се инвестира во нови капацитети, технолошки линии, во набавка на суровини и сето она што е потребно за да се создаде, промовира и одржи еден нов бренд на пазарот. Тоа е, секако, голем чекор и причина поради кои многу малку конфекции, не само во Прилеп, туку дури 95 отсто од конфекциските фирми во Македонија и натаму работат по лон систем, вели Благоја Конески, сопственик на конфекцијата „Хатра“ од Прилеп.

Прилепските конфекции тешко развиваат свои брендовиВо последните две децении во Прилеп функционираат 20-ина конфекции во кои се вработени околу 3.000 работници. Најголем дел од нив функционираат по лон-системот, со редовни договори со странски партнери кои им ги праќаат сите репроматеријали, а тие вложуваат работна сила, капацитети и машински парк.

Многу мал дел, поточно, според познавачите на приликите, едвај пет отсто од конфекциите, не само во Прилеп, туку и на државно ниво, имаат сопствено производство и брендови. Иако фирмите не ја гледаат иднината во лонот, туку во сопствено производство, газдите тешко се одлучуваат на ваков чекор и не сакаат да го преземат ризикот на инвестирањето.

„За да се напредува во оваа бранша неопходно е да се има доволно средства за да се инвестира во нови капацитети, технолошки линии, во набавка на суровини и сето она што е потребно за да се создаде, промовира и одржи еден нов бренд на пазарот. Тоа е, секако, голем чекор и причина поради кои многу малку конфекции, не само во Прилеп, туку дури 95 отсто од конфекциските фирми во Македонија и натаму работат по лон систем“, вели Благоја Конески, сопственик на конфекцијата „Хатра“ од Прилеп.

Според Конески, кој истовремено е и претседател на Секцијата на текстилци, во рамките на Регионалната стопанска комора на Македонија, за да се развиваат сопствени брендови државата треба да ги стимулира работодавците со субвенции.

„Државата може да исплаќа субвенции, исто како во земјоделството, за секое брендирано парче сопствено производство. За да се стимулира развојот на оваа гранка неопходно е Владата да го активира повторно законот за процентуално намалување на придонесите, што важеше за сите гранки. Тоа ќе даде најголем придонес во текстилната и кожарската индустрија, како најниско профитабилни“, оцени Конески.

Истовремено, конфекционерите бараат да се добие битката со нелојалната конкуренција. Велат, тие вложуваат многу средства и напори и во услови на економска криза да го одржат бројот на вработени и да ги надминат сите проблеми, а при тоа ги плаќаат давачките кон државата. Од друга страна, дивите увозници на конфекциски парчиња ќаруваат на нивни грб и на штета на државниот буџет.

Сопственици на одделни конфекциски фабрики сметаат дека треба да се стегне повеќе обрачот и да се контролира и оцаринува увозот на конфекциски парчиња, а не од социјални причини да се толерира нелојалната конкуренција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik